Владата ја усвои информацијата за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје – споменик на природата

t

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата и донесе одлука за прифатливост на предлогот.

Покрај тоа, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.

Оваа иницијатива, информираат од  владината прес-служба, доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на план за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

-Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата,  Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други, порачуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…

Еколошка катастрофа кај Струмица: Езерото Мантово крајно…

Жителите на струмичката котлина со бројни реакции…