Отворен ден на воздухоплови: Граѓаните ќе имаат можност да ја видат најновата воздухопловна опрема на Армијата на “Стенковец”
В недела на 8 мај на спортскиот аеродром „Стенковец“ граѓаните ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат на вежбата „Брз одговор 22“ која се реализира на армискиот полигон „Криволак“.
Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот.
Од Министерството за одбрана нагласуваат дека дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“, а во периодот од 11.30 до 12.30 часот прелет над аеродромот ќе направат авиони „А-10 Тандерболт 2“, ловци „Ф-16“ и „Ее Тректор“.
За време на отворениот ден, граѓаните ќе можат да се запознаат и со воената професија, како и со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.
В недела Министерството за одбрана ќе организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…