Скандалозно – Ковачевски призна дека сме “за никаде”: Наредната зима ќе биде најтешка зима по Втората Светска војна

t

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во гостување на ТВ21 рече дека наредната зима, во 2022 година, ќе биде „најтешката зима по Втората Светска војна“.

„2022 година ќе биде најтешката година по Втората Светска војна. Сега можам да кажам дека наредната зима ќе биде најтешката зима по Втората Светска војна и затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително неодговорно“, рече Ковачевски, коментирајќи ги најавите на опозицијата за блокада на Собранието.

„Најпрвин кога зборуваме за лидерски концепти, лидери се луѓе кои што носат одлуки и кои што решаваат прашања кои што ги афектираат идните генерации, и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој кој што мисли само на својот личен рејтинг и којшто мисли само на тоа кога ќе бидат наредните избори“, порача премиерот .

Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

„Во време на најголемата светска економска криза по Втората Светска војна. Во услови кога има постојан раст на цените на реагенсите, во услови кога има постојан раст на цените на храната и во услови кога гледаме дека во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу изнаоѓање начини“, вели Ковачевски

Тој рече бојкотот не е ништо ново во Собранието, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во последниве две години блокирала десетици важни закони.

„Во изминатите две години во Собранието се блокирани не два, не пет, не десет или дваесет – блокирани се неколку десетици закони кои што се клучни за различни области од живеењето на граѓаните“, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…