САКААТ ДА ЈА ПОБЕДАТ МАКЕДОНИЈА СО 10 спрема 0: Георгиевски вели настана трка за Гоце Делчев

t

Пред ветото, имаше добра позиција од македонска страна преку државниот врв дека Гоце Делчев е заеднички херој. Тоа беше невидена отстапка дека делиме заеднички херој, изјави поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“.

– Во последно време настана трка околу Гоце Делчев. Бугарската страна од Историската комисија не сфаќа каква шанса добила кон доаѓање на некоја релативна вистина. Кај нив преовладува атмосфера кај што Македонија треба да се победи со 10:0 – рече Георгиевски.

Тој истакна дека кога дошол премиер Зоран Заев за да се смени политиката и затоплувањето, Бугарија решила да заигра тврдо со три акти кои се доста груби и сурови кон Македонија – Декларацијата во бугарското собрание, Меморандумот до ЕУ и на крај ветото.

– Сепак, мораме да бидеме самокритични дека во изминатите децении не сменивме ништо, со мали исклучоци, останавме со старата реторика и приказна кон Бугарија – смета Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја претстави…

(Видео) Почна операцијата на Универзитетот Калифорнија: Апсења…

Во кампусот на Универзитетот Калифорнија во Лос…

Франција нуди предлози за намалување на тензиите…

Француските власти денеска им презентираа предлози на…