Објавено на:

Додека трае војната во Украина германскиот производител на оружје очекува рекорден профит и четирикратно поголема побараувачка

t

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот, годинава очекува силен раст на приходите, по стагнацијата во првиот квартал.

Нивните приходи биле на ниво на истиот период лани и изнесувале 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка пораснала за 10 отсто на 92 милиони евра. Нето добивката пораснала за 52 отсто на 61 милион евра. Побарувачката расте и четирикратно се зголемува во одделот за артилерија и муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, пред се благодарение на големата нарачка муниција од Унгарија, „тешка“ неколку стотици милиони евра.

Според извршниот директор, Армин Пејпергер, компанијата сè уште очекува приходите да скокнат од 15 до 20 отсто оваа година, под услов Владата да ги стави на располагање најавените 100 милијарди евра за модернизирање на Бундесверот, заедно со програма за вооружување која треба да трае неколку години.

Набргу по руската инвазија на Украина, „Рајнметал“ објави список на воена опрема, вклучувајќи тенкови, камиони и муниција, кои ќе бидат достапни релативно брзо, надевајќи се дека германската влада ќе купи барем дел од овие производи.

Со оглед на заканата од Русија, „Рајнметал“ очекува повеќе нарачки од странство. Како што наведуваат од германскиот производител на оружје, компанијата се надева дека ќе испорача оклопни транспортери „Мардер“ и борбени тенкови „Леопард“ во Украина, кои се стари, но можат да се модернизираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Во Газа се оствари најстрашното сценарио…

Според шефицата на Светската програма за храна…

ХОРОР: Син си ја убил својата мајка,…

Загрепската полиција вчера соопшти за убиство на…

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Најмалку 15 лица починаа како резултат на…

Макрон: Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го охрабри…

Ѓоковиќ 37. роденден ќе го дочека на…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и…