Објавено на:

Касами: Во тетовското јавно претпријатие за хигиена има повеќе шефови од метлари

t

Градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави ресистематизација на вработените во општинското јавно претпријатие, бидејќи според последниот извештај на претпријатието, во него работат околу 200 работници, а само 30 отсто од нив работат на терен, и другиот дел, од околу 150 вработени, се ангажирани во администрацијата на фирмата „Тетова“. Касами рече дека ваквата состојба наследена од претходниот состав е апсурдна и дека е неопходна реорганизација на претпријатието.

„Таму има бесмислен дисбаланс, над 70 отсто од вработените се во администрацијата, а околу 30 отсто се во оперативниот дел на чистење, одржување на патишта, водоснабдување или се што значи негова оператива. За жал, како што констатиравме во компанијата, само 50 вработени се систематизирани со работни решенија, и побаравме од претпријатието да ја смени систематизацијата, за сите оние кои се ангажирани во оператива на претпријатието да се предвидад во систематизацијата, а потоа во следната фаза да ги ангажираме со решенија, без разлика дали се трајни или привремени“, изјави Билал Касами. Градоначалник на Тетово

Јавното претпријатие должи околу 9 милиони евра, а тоа е пречка за неговото работење, па Касами најави поделба на претпријатието на две дирекции, таа за водоснабдување и на Претпријатието за управување со отпад.

„Свесни сме дека не може да се платат за кратко време, а потребите на граѓаните се секојдневни. Затоа работиме овде и имавме тројца странски инвеститори да видиме можност за соработка со приватна компанија за отпадот, и да видиме и регулирање на прашањето со водоснабдувањето, да се подели на посебни претпријатија за да не зависат од оваа финансиска состојба на претпријатието, изјави Билал Касами Градоначалник на Тетово

Касами овие коментари ги даде за време на денешната акција за чистење на градот, во која покрај вработените во Претпријатието, в беа вклучени и невладини организации, но и професори и средношколци. /Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…