Отворен ден за приказ на воздухоплови на “Стенковец”: “Апачи”, “Блек Хоук”, “Бел” се дел од изложбата на Армијата
На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“.
Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот.
Дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“.
Министерството за одбрана организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот.
За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот „A-10 Тандерболт“ и „Ф-16“.
Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…