Рускиот патријарх Кирил: Не сакаме да освоиме и окупираме никого – Не сме како повеќето богати држави што црпат ресурси од сиромашните
Рускиот патријарх: Не сакаме да освоиме ништо, имаме се што ни треба
Рускиот патријарх Кирил служеше литургија во главниот храм на руските вооружени сили во пресрет на Денот на победата. За време на проповедта тој одговори на критиките од Запад за Русија.
„Русија не сака на никого да наштети или окупира, не сака никого да освојува и окупира, не сака да црпи ресурси од никого, како што прават повеќето богати и моќни земји во светот, кои економски окупираа слаби и беспомошни земји. Ништо не ни треба. Имаме се што ни треба“, рече патријархот.
Според него, на Русија и треба само едно – вистинска слобода и независност од светските центри на моќ, кои денес се непријателски настроени кон неа.
„Мораме да ги консолидираме сите наши сили – и духовни и материјални, за никој да не се осмели да ги допре светите граници на нашата татковина“, рече патријархот Кирил.
Обраќајќи им се на војниците кои присуствуваа на литургијата, тој ги повика да се инспирираат од примерите на светите Дмитриј Донски и Александар Невски, војсководците Михаил Кутузов, Александар Суворов, Павел Нахимов, Михаил Скобелев и Георги Жуков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…