Украина уништи руска воена опрема вредна 70 милиони долари, тврди Зеленски
Украинските сили уништиле руска воена опрема со проценета вредност од околу 70 милиони долари, меѓу која се и напредни системи за противвоздушна одбрана, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според неговите информации, биле погодени ракетно-топовскиот систем „Панцир-С2“, командно возило што е дел од системот С-400 „Триумф“, како и фабриката „Каменски“ во руската Ростовска област, која се користи за производство на ракети.
Зеленски посочи дека само вредноста на уништената опрема за противвоздушна одбрана изнесува околу 70 милиони долари. Тој им се заблагодари на Службата за безбедност на Украина и на другите единици на одбранбените сили што учествувале во нападите, објавувајќи и сателитска снимка од погодената локација.
Украинските напади следуваат по руските удари врз енергетската инфраструктура во четири украински области во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември. Поради нив, стотици илјади домаќинства утрото сè уште биле без електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…