(Фото) Ковачевски зема поголема плата од Заев – Колкави примања имаат останатите министри?

t

Владата ги објави примањата на премиерот Ковачевски и останатите членови на Владата.

Виско на ранг листата е премиерот со примања од 88. 260 денари нето плата. Меѓу министрите со највисоки примања е Оливер Спасовски кој месечно добива 86.324 денари. 

Ковачевски добива основна плата од 78.896 денари  како и поранешниот премиер Заев со тоа што Ковачевски за минат труд добива 9,364 денари, а Заев имаше помал износ за минат труд и малку помала плата.

Основната плата на сите министри е 65.026 денари, а варијациите се поради ставката минат труд. На министерот за внатрешни работи му се утврдува зголемување за 20 проценти на платата утврдена за извршување на функцијат па , затоа Спасовски има најголема плата во редовите на министрите. 

Меѓу вицепремиерите, највисока плата зема вицепремиерката, Славица Грковска 73.045 денари, потоа вицепремиерот Фатмир Битиќи со нето плата од 71.762 денари. 

Нешто помала плата зема Артан Груби и тоа 70.478 денари а додека Бојан Маричиќ помеѓу вицепремерите котира најниско со плата од 69.197 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…