Објавено на:

Ковачевски: Нема предвремени избори за да не се забави економијата

t

Изборите знаете дека се периоди кога се е насочено кон нив и со тоа ќе се забави македонската економија. Оваа влада докажа дека низ дијалог ги носи одлуките. Минималната плата и пензиите беа покачени низ дијалог. Со сите синдикати има дијалог за усголасување на платите. Донесовме пакет 26 антикризни мерки за справување со кризите и тоа беше донесено низ дијалог со компаниите и експертската јавност, рече премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител околу можноста за договарање датум за предвремени избори.

Премиерот вели опозицијата постојано е повикувана да помогне и да учествува во дебати, но одбиваат.

-Постојат комисии со пратеници од сите политички партии. Тоа е местото каде треба да се отвори дебата. За сите крупни стратешки одлуки, ќе се разговара на лидерско ниво. Во моментот кога ќе дојде до документ од двете страни, ќе биде објавен во Собранието. Тоа би било финален чекор за преговори со ЕУ, но да се разговараат сите мерки на ниво на експерти, ќе значи ставање на Собранието со подредена улога. Ова сега што се случува не е ништо ново, веќе две години се блокираат закони, кажа Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…