(Видео) Арсовска: Започна прскањето против комарци
Во гостувањето во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска открива дека започнало прскањето против комарци во главниот град.
Таа посочи дека и покрај сите саботажи и временски неприлики навремено се отпочна со оваа акција за уништување на овие штетници кои изминатите неколку години им предизвикуваа огромни проблеми на скопјани.
-Градот Скопје за прв пат годинава започна со прскањето против ларви комарци, во теков на неделава следи второто прскање, се разбира ако не служи времето бидејќи кога е врнежливо не може да се одвива прскањето. Можам да кажам дека се се одвива како што е планирано со планираната динамика. Граѓаните да бидат информирани дека иако во изминатите години имаше доцнење со прскањето годинава и покрај сите саботажи кои ги имавме успеавме навремено да прскаме против комарци, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…