Ковачевски: Лидерска за клучни прашања ќе има, избори дури во 2024

t

За блокадата на парламентот која почнува утре, премиерот порача дека Собранието треба да биде место кое ќе биде дом на демократијата, а не место за блокади и бојкот. За пратениците, пак, посочи дека треба да бидат на ниво на својата задача, затоа што се избрани од народот и таму граѓани, а не политички партии

Премиерот Ковачевски вечерва уште еднаш порача дека нема потреба од предвремени парламентарни избори и дека тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

„Јас веќе кажав дека избори ќе има во 2024 година, прво претседателски па парламентарни избори во својот редовен термин. Доста беа времињата кога во државата се правеа избори на само две години, кога економијата стоеше и кога единствено нешто што правеше владејачката партија, беше мерење на својот рејтинг и одење на избори и на крајот видовме како заврши целиот тој процес. Владата има полн легитимитет и мандат, посветена е на решавање на проблемите и справување со предизвиците пред граѓаните и државата“

рече Ковачевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која би се разговарало и за предвремени избори, премиерот рече дека лидерска ќе има за сите важни стратешки прашање како што е на пример постигнување договор за спорот со Бугарија.

„За сите крупни стратешки одлуки, штом ќе има документи за кои ќе може да се разговара, нормално ќе се разговара на лидерско ниво, впрочем еден таков предизвик е на пример проблемот кој го имаме со Република Бугарија и решение кое треба да се постигне. Јас кажав дека кога ќе се дојде до фаза на документ кој е прифатлив за двете страни дека тој ќе биде споделен нормално низ институциите, но и на лидерско ниво бидејќи тоа решение ќе значи решение со кое нашата држава ќе потпише договор или одреден протокол со Република Бугарија. Нормално е за едно такво стратешко прашање кое ќе означува финален чекор кон отпочнување преговори со ЕУ да се разговара на такво ниво“,

рече Ковачевски.

Пораката дека нема потреба од лидерска за предвремени избори, премиерот ја испрати во пресрет на најавената блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ која треба да почне од утре.

За блокадата тој порача дека Собранието треба да биде место кое ќе биде дом на демократијата, а не место за блокади и бојкот. За пратениците, пак, посочи дека треба да бидат на ниво на својата задача, затоа што се избрани од народот и таму граѓани, а не политички партии.

„Тие се делегирани од политичките партии меѓутоа мора да работат во интерес на граѓаните, на ист начин како што Владата работи во интерес на граѓаните и носи секојдневно мерки и законски решенија коишто се во насока на справување со оваа историски најголема криза после Втората светска војна со којашто се соочува Европа“,

рече Ковачевски.

Извор: Алсат ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…