Објавено на:

Српски медиуми за вежбите на Криволак: НАТО ја спрема Македонија во случај украинскиот конфликт да се прелее на Балканот

t

Голема воена вежба во која учествуваат околу 4.600 американски и сојузнички сили започнува во четврток, 12 мај, на полигонот Криволак во Македонија, и има за цел да ги тестира силите на НАТО во случај украинската криза да се прелее на Балканот или во Источна Европа, пренесуваат медиумите во соседството.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, вежбата наречена „Брз одговор 22“ започнува со слетување на засилен баталјон од американската 173. падобранска бригада на Криволак.

На вежбата, како што анализираат, освен американски војници, ќе учествуваат и припадници на вооружените сили на Македонија, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.

„Сенката на војната во Украина е силна и повеќе нема политички еуфемизми во објаснувањата за сценаријата на вежбата. Јасно е дека ова е проверка на НАТО во случај да треба да се вклучи на Балканот или на истокот“, се вели во текстот објавен во српските медиуми.

Предвидено е ангажирање на 45 авиони и хеликоптери, околу 1.800 падобранци и заштита на борбени авиони.

Порталот додава дека централно место на вежбата е полигонот Криволак, бидејќи е уреден за обука во услови блиски до војна. На тој простор покрај слетувањето ќе биде прикажана и директна воздушна поддршка, пренесуваат српските медиуми.

Анализираат дека на вежбата ќе учествуваат американски авиони А-10 од Националната гарда на Мериленд, а на аеродромот Петровец пристигнаа хеликоптери „Chinook“ и „Black Hawk“ од Америка и „Apache“ од Велика Британија.

Во написот се додава дека вежбата ќе трае до 20 мај и е дел од меѓународната вежба организирана под истото име оваа пролет во арктичките, балтичките и балканските региони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состанок на министрите за одбрана на НАТО…

Воениот комитет на НАТО на ниво на…

Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев:…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна…

(Видео) Близок соработник на Путин: Ќе го…

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…