Објавено на:

Станкушев: Нема ништо лошо Македонија да отвори културен центар во Благоевград

t

„Ништо страшно нема да се случи ако Македонија отвори културен центар во Благоевград, ако се создаде простор во кој овој сосед може да претстави културни програми, да организира форуми и сигурен сум дека тие ќе бидат заеднички“, коментира за Радио Благоевград Бојко Станкушев, новинар, директор на Фондот за антикорупција и ко-основач на Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Дел од Клубот се повеќе од 100 истакнати личности од Бугарија, но и личности од Македонија, вклучително и двајцата поранешни премиери, Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски.

„Не се потпираме толку на квантитетот колку на чисто човечкиот импулс, на стручноста на членовите на клубот, на желбата да се живее во нормален, цивилизиран подрегион на Европа. Нешто што не се случило предолго“, рече Бојко Станкушев и објасни дека напорите на членовите на клубот ќе бидат насочени кон „создавање услови не само за културна соработка, туку и за нормален политички дијалог, бидејќи има многу можности народите на двете земји да имаат корист од тоа“.

Според Бојко Станкушев, „во последните 30-32 години, политичарите од двете земји се обидоа нецеремонично и дрско, неколку пати и за жал успеаја да ги искористат човечките чувства на луѓето од двете страни на постојната граница меѓу Бугарија и Северна Македонија за некои нивни потреби“.

Најболниот дел од она што претстои, новинарот го гледа во изнаоѓање начин да се постигне кохерентност во историското читање од минатото, бидејќи таму се најголемите разлики.

„Мораме малку да се свртиме кон себе, но истото да го бараме и од нив“, нагласил тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…