Бугарите го симнаа украинското знаме затоа што не припаѓа во нивните институции
Неколку минути по 20 часот настана хаос и тензија во Софија каде вечерва има организирано два протести.
Ова се случи кога демонстрантите поддржувачи и претставници на партијата „Вазраждане“ излегоа пред зградата на општина Софија за да го тргнат украинското знаме од зградата на локалниот парламент.
На улица Московска бр.33 почнале да нишаат еден од полициските автомобили – минибус и извадиле преклопна скала со која го симнале украинското знаме, кое пред неколку дена го тргнале со помош на кула.
Според претседателот на партијата Костадин Костадинов, бугарските државни институции не треба да имаат знамиња на странски држави, нивното место е во амбасадите. Земјата е окупирана. Нема да дозволиме да се поставуваат странски знамиња на бугарските државни институции, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…