СОНК и МОН на нова преговарачка средба!

t

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска попладне треба да имаат нова средба на која ќе се разговара за процентот на зголемување на платите. По завчерашната, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање, како и за колективните договори за основно и средно образование и временска рамка за изработка, потпишување и нивна примена.

Нова преговарачка средба на СОНК со Министерството за труд и социјална политика за отворените прашања во дејноста детска заштита, пак, е договорена за 17 мај откако на вчерашната средба двете страни разговарале за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.

МТСП по средбата информираше дека било разговарано и за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

Повикувајќи се на одредбите на Законот за работни односи и Колективниот договор за предучилишните јавни установи, ставот на МТСП е дека на учесниците на штрајкот работодавецот е должен да им уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Организаторот на штрајкот, пак, од свои средства да им обезбеди надомест на нето-плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако во неделата истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

Синдикатот го организираше штрајкот со барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно да се усогласат со порастот на минималната плата, која од март е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Покрај процент за зголемување на платите, на преговарачката маса се и колективните договори во дејностите што ги покрива Синдикатот.

СОНК најпрво одби 10 отсто зголемување на платите на вработените во градинките и во образовните установи, а членството на Синдикатот не ги прифати ни 12 проценти покачување што ги понуди Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…