Објавено на:

Василев откри: Колку ќе може да издржи Бугарија без рускиот гас?

t

Бугарската економија би можела да издржи шест месеци доколку Русија престане со испрака на нафта и Босфорот биде затворен, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев за време на парламентарната контрола.

Тој изрази уверување дека Европската комисија ќе и овозможи на Бугарија да добива руска нафта, а во исто време да бара начини за диверзификација на испораките на нафта.

– Бугарија може да издржи шест месеци ако се затвори Босфорот и престане да се увезува руска нафта.

Според Асен Василев, ова е најцрното сценарио, бидејќи значело дека нема да има каде да се влезе во брод за да се стигне до пристаништето Розенец, во близина на градот Бургас на Црното Море, што е главното нафтено пристаниште во Бугарија.

Во буџетот има бафери со кои може брзо да се одговори на ваквото сценарио во земјава. Според вицепремиерот Василев, бугарскиот национален интерес е да има отстапување од санкциите на ЕК за руската нафта од една страна и постепено да се диверзифицираат добавувачите на нафта. Според него, треба да се изградат автопат, железница и нафтоводи меѓу Александрополис (Грција) – Бургас (БГ) – Варна (БГ) – Констанца (Романија).

Асен Василев изјави дека Лукоил-Нефточим не може да се национализира, бидејќи легално не е руски и не е на забранетата листа.Бугарскиот вицепремиер рече дека Лукоил во неговата земја е швајцарски, а не руска сопственост, јави дописникот на МИА од Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…