Битиќи: Со новиот модел на тарифирање на струјата се заштитуваат најранливите категории граѓани
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска информираше дека данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија до крајот на годината ќе остане пет отсто.
-Во овој момент се прават сите калкулации на менување на тарифникот и тарифата на дефинирање на цената на електричната енергија. Секако, најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени со новиот модел на тарифирање. Тие што се најранливи, ќе плаќаат најмалку – тоа нема да значи можеби зголемување, туку намалување на тарифата за најпогодените. Наскоро ќе го видиме моделот. Ќе се направи праведно и правично тарифирање на електирчната енергија, според потрошувачката. Ние сме кажале и стоиме на тоа дека не може и тие кои се на регулиран пазар, а се големи потрошувачи да плаќаат иста, субвенционирана цена како секој друг граѓанин, истакна Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…
Заедништвото е клучната порака која во наследство…
Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…
Нема да има рестрикции на струја по…