Објавено на:

Г7 ќе праќаат повеќе оружје во Украина – Обединети сме против Русија

t

Министрите за надворешни работи од групата Г7 го поддржаа давањето поголема помош и оружје за Украина на денешниот состанок, како што Германија го нарече „моќен знак на единство“ за продлабочување на глобалната изолација на Русија поради инвазијата на нејзиниот сосед, пишува Ројтерс.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, најави дополнителна воена поддршка во вредност од 500 милиони евра што треба да биде одобрена следната недела од членките на ЕУ и изрази уверување дека блокот ќе се согласи за ембарго на руската нафта.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас најави нови санкции насочени кон финансиската мрежа и блискиот круг на рускиот претседател Владимир Путин, вклучително и неговата поранешна сопруга и братучедите, а исто така повика на зголемување на испораките на оружје за Украина.

Годишниот состанок што трае до утре ги собира врвните дипломати од Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Соединетите Држави и ЕУ во замокот стар 400 години во одморалиштето Вајсенхаус на Балтичкото Море.

Настанот, на кој присуствуваа и министрите за надворешни работи на Украина и на Молдавија, исто така ја истакна загриженоста за безбедноста на храната и стравувањата дека војната во Украина може да се прелее и на нејзиниот помал сосед Молдавија.

Преговорите на Г7 ќе им пркосат на руските обиди да го поделат светот околу Украина, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.

„Никогаш од крајот на Студената војна, ние партнерите на Г7 не сме биле подлабоко предизвикани. Никогаш порано не сме стоеле пообединети“, напиша таа на Твитер.

Путин нема намера да ја запре војната, рече Борел, додавајќи дека новата воена поддршка на ЕУ ќе биде за тешко вооружување како тенкови и артилерија и ќе ја зголеми помошта на блокот на околу 2 милијарди евра.

„Тоа ќе биде поголем притисок врз Русија со економски санкции и продолжување на меѓународната изолација на Русија и спротивставување на дезинформациите“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…