Објавено на:

Баербок: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО

t

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО.

-Ако се одлучат да се придружат, можат брзо да се придружат … Мораме да се погрижиме да им дадеме безбедносни гаранции, не смее да има преоден период, сици зони, во кои нивниот статус би бил нејасен, истакна Баербок.

– Таа истакна дека синоќа министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на неформалниот состанок во Берлин се согласиле дека не треба да има сиви зони помеѓу пријавата и придружувањето.

– Периодот на ратификација може да потрае и до една година, време кога нордиските земји сè уште не можат да бидат заштитени со членот пет – напад врз еден сојузник е напад врз сите земји-членки на Алијансата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…

Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…

Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…

Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…

Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…