“Султанот” пресече: Финска и Шведска ќе влезат во НАТО ама има три услови
Турскиот министер за надворешни работи рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО.
Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Мевлут Чавушоглу рече дека се сретнал со неговите шведски и фински колеги и дека сите тие се обидуваат да одговорат на загриженоста на Турција.
Имено, на маргините на неформалната средба на НАТО во Берлин синоќа разговараа министрите за надворешни работи на Шведска, на Финска и на Турција, Ан Линде, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу.
Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите.
– Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека Курдската работничка партија (ПКК) е терористичка организација. Како и многу други сојузници на НАТО, ние исто така преговараме со други курдски организации. Тие (турските претставници) сметаат дека сите Курди во североисточна Сирија припаѓаат на една организација. Ние не мислиме така, САД не мислат така, наведе Линде.
Таа додаде дека шведските дипломати ќе го продолжат дијалогот за тоа прашање.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 13 мај изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.
– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган.
Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК) и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.
Додека Чавушоглу вчера изјави дека мнозинството Турци се против приемот на Финска и на Шведска во НАТО и бараат од Анкара да го блокира процесот. Тој додаде дека за тоа ќе разговара со сојузниците во Алијансата, како и со Хелсинки и Стокхолм.
И советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин вчера изјави дека Анкара „ќе преговара со Финска и со Шведска за „сузбивање на терористичките активности”.
– Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака да преговори со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во Стокхолм, наведе Калин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО: Србија сама треба да одлучи какви…
На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку…
НАТО ја презеде од САД координацијата на…
НАТО ја презеде координацијата за западната воена…
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…
Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…