Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен Форум на макро-регионалната стратегија на ЕУ

t

Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник и на Панел-дискусијата посветена на европска интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен Форум на макро-регионалната стратегија на ЕУ за јадранскиот и јонскиот регион (ЕУСАИР), што се одржува во албанскиот главен град Тирана.

Вицепремиерот Маричиќ ќе присуствува на заедничкиот состанок на министрите задолжени за европските фондовите и одговорни за ЕУ на членките на ЕУСАИР, на кој ќе ги разменат добрите практики, ќе ја споделат политичката визија и насоката на спроведувањето на проектот.

Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник и на Панел-дискусијата посветена на европска интеграција на Западен Балкан и Зелената агенда.

Предвидено е во рамки на Форумот Маричиќ да оствари билатерална средба со италијанскиот заменик министер за надворешни работи и меѓународна соработка Бенедето Дела Ведова.

ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ, која опфаќа десет држави: четири членки на Европската Унија – Хрватска, Грција, Италија, Словенија и шест земји кои не се членки на ЕУ – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Сан Марино.

Општата цел на ЕУСАИР е да промовира економски и социјален просперитет и раст во регионот, преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Стратегијата, исто така, има за цел да придонесе за понатамошна интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

На годинешниот 7-ми Форум Албанија претседателството со ЕУСАИР ќе и го предаде на Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

Радев го додели третиот мандат: Мала е…

Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…

Владата вели дека не го именувале Ибрахим…

„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…