Објавено на:

Зеленски им се заблагодари на војниците што ги протераа Русите од Харков

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на украинските војници кои ги протераа руските војници од Харков.

„227. баталјон на 127 бригада за територијална одбрана на Украина! Ви благодарам многу”, изјави Зеленски во видео пораката објавена на Инстаграм, пренесе Би-би-си.

Зеленски упати благодарност до војниците во име на сите Украинци, него и неговото семејство.

„Мојата благодарност нема граници. Ви посакувам на сите здравје и внимавајте”, рече Зеленски.

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави претходно денеска регионалниот гувернер Олех Синегубов.

Британските медиуми наведуваат дека Украина го враќа владението врз територијата на североистокот од земјата, истуркувајќи ги руските сили подалеку од Харков, вториот по големина град во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…