Објавено на:

Финска и Шведска ќе добијат поддршка за членство во НАТО од нивните нордиски соседи

t

Норвешка, Данска и Исланд денеска објавија заедничко соопштение во кое најавија поддршка за кандидатите за членство во НАТО, Шведска и Финска, доколку некој ги нападне.

Заедно со Данска и Исланд, Норвешка е подготвена со сите средства да им помогне на своите нордиски соседи ако станат жртви на агресија на своја територија, пред да станат членки на НАТО, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно и официјално соопшти дека Шведска ќе и се придружи на Финска во аплицирањето за членство во НАТО.

Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и оти нивниот влез не претставува закана, но дека во секој случај ќе следи одговор на Русија.

НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Финска ќе добие нови оклопни возила на…

Финските одбранбени сили ќе купат тешки оклопни…

Состанок на министрите за одбрана на НАТО…

Воениот комитет на НАТО на ниво на…

Столтенберг пристигна во ненајавена посета на Киев:…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна…

(Видео) Близок соработник на Путин: Ќе го…

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на…