Објавено на:

Ердоган најави вето: Нема да поддржиме прием во НАТО на држави што ни воведуваат санкции

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека нема да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО, јавува државната новинска агенција „Анадолија“.

Претходно, шведското Министерство за надворешни работи објави дека официјални лица од Финска и Шведска набргу ќе отпатуваат во Турција за да разговараат за приговорите на Анкара за нивното членство во НАТО.

Сепак, Ердоган рече дека дипломатите не треба ни да доаѓаат во Турција за да се обидат да ја убедат да ги одобри нивните кандидатури.

„Прво, ние нема да го поддржиме приемот во НАТО за оние земји што воведуваат санкции кон Турција“, рече Ердоган, цитиран од Alarabya News.

Двете нордиски земји официјално потврдија дека ќе аплицираат за членство во НАТО, поттикнати од руската инвазија на Украина.

Турција минатата недела соопшти дека има приговори за влезот на двете земји во НАТО обвинувајќи ги дека ги поддржуваат курдските милитанти што Анкара ги смета за терористи и дека не екстрадирале десетици осомничени терористи.

„Земјите што го поддржуваат тероризмот не треба да бидат сојузници во НАТО“, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во неделата додавајќи дека Турција бара Финска и Шведска да престанат со „поддршката на терористичките групи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина…

Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска…

Некогаш живеевме во заедничка држава: ММФ прогнозира…

Според последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд…

(Видео) Битиќи: Во среда да гласаме и…

„Ви се обраќам со длабоко чувство за…

Германската партија ЦДУ расчистува со ерата на…

Германската конзервативна ЦДУ ќе се собере на…

ЦУК: Пожари во Скопје и Битола, гореа…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…