(Фото) Треба да им се одземе државјанството! – Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре од Канзурови

t

Македонскиот Бугарин Виктор Канзуров и Станислава Канзурови ги фрлиле во канта венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на Јане Сандански.Дали ќе се премолчи и овој акт и говор на омраза?

Тие преку Фејсбук објава со неколку фотографии се пофалија дека ги отстраниле и фрлиле во канта за отпадоци венците поставени од ОМО Илинден Пирин на споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Мелник, Бугарија.

„Венците на ОМО Илинден отидоа во ѓубре!“, стои во Фејсбук објавата.

Инаку Виктор Канзуров себе се претставува како македонски Бугарин, кој се бори за правата на Бугарите во Македонија. Познат е и по неговите шовинистички ставови околу македонско-бугарскиот однос и заедничката историја со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…