Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес организираа патување и еднодневна прошетка на деца со церебрална
Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа.
Во соработка со Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, со поддршка од Железници на Република Македонија Транспорт А.Д. Скопје, дечињата заедно со своите родители, утрово добија бесплатно патување со воз до Велес, каде ќе се одвива денешната нивна екскурзија.
Среќен пат и убав помин им посакаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, присутна беше и сопругата на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова, а во Велес ги пречека градоначалникот Марко Колевски, во придружба на велешкото здружение на родители на деца со церебрална парализа. Во текот на целиот ден тие ќе ги разгледуваат знаменитостите на овој град.
Најпрво се упатија кон храмот посветен на Светите Кирил и Методиј, потоа ќе имаат прошетка низ младинскиот парк, по што им е организиран заеднички ручек. Патувањето завршува во попладневните часови, кога дечињата, повторно со воз, ќе се вратат во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…