Нов удар: Русија деновиве ќе го прекине снабдувањето со гас за Финска?
Русија може да ја прекине испораката на гас за Финска оваа недела поради барањето на Москва да го плати гасот во рубли и поради желбата на Хелсинки да се приклучи на НАТО, објави денеска финскиот државен снабдувач со гас Гасум.
Во соопштението, Гасум рече дека не добил никакви информации во врска со прекинот на испораката на гас од руската компанија Гаспром експорт или руската компанија за пренос на гас, но дека се во тек подготовките во случај Москва да го исклучи гасот доцна петок или сабота.
„Гасум ќе продолжи да се подготвува за кризата заедно со своите клиенти и националните власти одговорни за итни снабдувања“, се вели во соопштението.
Извозот на руски гас во Финска од 1 јануари до 16 март годинава во просек изнесувал околу 3,2 милиони кубни метри дневно.
Минатиот петок Финскиот комитет за вонредни состојби објави дека е подготвен да се справи со проблемите во случај Русија да го прекине снабдувањето со природен гас.
Финска увезува најголем дел од својот гас од соседна Русија, но гасот сочинува само околу пет отсто од нејзината годишна потрошувачка на енергија, наведува британската агенција.
Минатиот петок Финскиот комитет за вонредни состојби објави дека е подготвен да се справи со проблемите во случај Русија да го прекине снабдувањето со природен гас.
Финска увезува најголем дел од својот гас од соседна Русија, но гасот сочинува само околу пет отсто од нејзината годишна потрошувачка на енергија, наведува британската агенција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…
Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…