(Видео) Гореше локомотива кај Кукуричани: Лугето го гаснеа огнот со кофи вода

t

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, кога возот, кој сообраќа на релацијата Скопје-Гевгелија, запре на станицата во тиквешкото село Кукуричани.

Според полицијата, „на 17.05.2022 околу 18.42 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Гевгелија“.

Снимка од пожарот денеска се појави на ТикТок, а на неа се гледа како неколку луѓе се обидуваат со кофи со вода да ја изгаснат локомотивата, од која се извива густ чад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…