Објавено на:

Зеленски верува дека ќе ги врати Мариупол, Мелитопол, Херсон под украинска контрола

t

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, руските наводи за употребено ласерско оружје сведочат за неуспехот на инвазијата. 

Зеленски изјави дека повеќето од руските ракетни напади досега ја уништиле цивилната инфраструктура „без никаков стратешки воен исход“. Вели дека внимание привлекува фактот што руската армија мора да штеди на проектили откако истрела над две илјади проектили врз Украина. 

Зеленски рече дека сите ја виделе Русија во војна – со неискусни регрути, со ограбувачи кои „првпат гледаат нормални апарати“, со стари советски оклопни возила без современа заштита и забранети фосфорни бомби кои палат училишта и згради.

Претседателот додаде дека затоа потпишал указ за воена состојба и општа мобилизација.

„Нашата армија и секој што ја брани државата мора да има легални алатки за тоа да го направи мирно. „Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енергодар, Мариупол и сите наши градови, заедниците кои се под окупација, под привремена окупација, мора да знаат дека Украина ќе се врати“, рече тој.

Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина. Засега ништо не наговестува дека ќе има договор за ставање крај на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…