Сали: Новиот Клинички центар може да чини милијарда евра
Новиот Клинички центар е од животно значење за државата и тоа не треба да се гледа низ партиски бои. Се уште сме во фаза на дискусија, нема одлука. Не можам за мене да кажувам која локација е најдобра, затоа што тоа треба да биде решено со експерти. Досега имаме политичка волја дека ќе биде поддржан и од опозицијата и сметам дека досега најголемата пречка се надминува. Не знам како ќе течат преговорите, рече министерот за здравство, Беким Сали за изградбата на новиот Клинички центар.
Според него, последната идеја за местото Веле поле во Ѓорче Петров пропадна, но како локација се уште постои како опција.
-Зависи колку имаме и колку ќе инвестираме, тој може да се гради со 150 милиони, преку 500 милиони до милијарда евра, зависи колку можеме да си дозволиме. Износот на финансии е според можностите на државата, кажа Сали во Дневникот на ТВ Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…
Пациент се обидел со возило да прегази…
Вработена на Клинички вчера во полиција пријавила…
Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…
Општина Центар ја заврши првата фаза од…