Кремљ: Нема бесплатен гас за никој, или ќе плаќате во рубљи или ќе запре испораката
Русија нема да испорачува бесплатен природен гас на земјите кои одбиваат да се префрлат на новата шема за плаќање на рубљата, изјави во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Очигледно, нема ништо бесплатно“, им рече Песков на новинарите.
Песков беше прашан дали оваа недела ќе заврши испораката на гас за финската компанија Гасум.
„Немаме информации за сите компании со кои Гаспром има договори. Ова не е наша привилегија. За детали, се разбира, треба да го прашате Гаспром“, рече портпаролот на Кремљ.
Во март, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на владата, централната банка и Газпромбанк да ги развијат потребните алатки за да ги префрлат сите плаќања за рускиот природен гас од „непријателски држави“ во рубљи по 1 април. Мерката се однесува на земјите што воведоа санкции на Русија и ги замрзнаа нејзините девизни резерви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…