Кабинетот на Џафери повтори: Спикерот не се сретнал со делегација од Чеченија

t

Лажни се обвинувањата на Антонио Милошоски дека претседателот на Собранието Талат Џафери во јули минатата година тајно се сретнал со делегација од Чеченија во просториите на парламентот. Ова се вели во реакцијата на кабинетот на собранискиот претседател Џафери од каде велат дека средбата била со претставници на Европскиот муслимански форум.

„Антонио Милошоски лаже! „Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија која била во посета на Собранието?“ е прашање кое нема одговор затоа што претседателот немал средба со делегација од Чеченија. На денот кој се наведува во информациите на порталите 8 јули претседателот Џафери имаше средба со делегација од Европскиот муслимански форум. Во време кога Европа и светот одржуваат конференции за борба против лажни вести и дезинформации, пратеник се впушта во лиферување на вест која апсолутно е неточна и има за цел да нанесе штета не само на претседателот Џафери, туку и на Собранието и на државата“, велат од Кабинетот на претседателот Џафери.

По ВМРО-ДПМНЕ со истите обвинувања се јавија и од Алијанса за Албанците.

„Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер“, велат од Алијанса за Албанците.

Обвинувањата упатени кон Џафери вчера дојдоа од Антонио Милошоски кој на својот фејсбук профил напиша дека претседателот на Собранието бил домаќин на делегација од руската Чеченска Република.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…