Објавено на:

Руски професор тврди: Војната во Украина е тест за поголем конфликт со НАТО

t

Алексеј Фененко, вонреден професор на Факултетот за светска политика на Московскиот државен универзитет и научен соработник на Институтот за меѓународни безбедносни студии, во емисија на каналот „Русија 1“ пизлезе со неверојатно тврдење.

„Сметам дека војната во Украина е тест за можен светски конфликт во иднина. Го тестираме нашето оружје против НАТО и ќе дознаеме колку е нашето оружје посилно од нивното“, вели професорот. Тоа би можело да биде добро искуство за учење за идните конфликти“, додаде тој, а пренесе Дејли мејл.

Оваа необична изјава е последниот пример на обидот на Кремљ да го контролира наративот за војната во Украина, во која силите на Путин претрпеа повеќе загуби отколку што очигледно очекуваа, коментира Дејли меил. Во моментов, руските војници се изложени на контранапади во областите на Харков, Доњецк и Луганск.

Ова се случува веднаш откако пензиониран командант во емисија изјави дека Украина не треба да ја потценува руската воена и економска моќ, и покрај фактот што само неколку дена претходно даде омаловажувачка оценка за воените напори на Русија.

Според последниот извештај на Генералштабот на украинските вооружени сили, Русија загубила над 28.000 војници. Украинските војници уништиле 1.263 тенкови, 3.090 оклопни возила, 204 авиони, 168 хеликоптери и стотици артилериски и ракетни фрлачи. Невозможно е да се проверат овие бројки од независни извори, а западните разузнавачки податоци наведуваат дека загубите на руските војници биле меѓу 7.000 и 15.000 до крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…