Објавено на:

(Фото+видео) Ковачевски се поклони пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во Рим

t

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата на Република Македонија која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре.

Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата на мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј бидејќи во неа папата Адријан Втори во 868 година ги осветил донесените книги што светите браќа ги подготвиле за да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи.

„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ”, гласи текстот во чест на Свети Кирил и Методиј, што на македонски јазик, заедно со италијанскиот, е испишан на спомен плочата поставена во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Во деветтиот век базиликата Санта Марија Маџоре била времено седиште на римскиот папа сѐ додека папската резиденција не била преместена во палатата во Ватикан, каде се наоѓа и денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Исчезнала млада жена од Куманово

31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…