Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на економската соработка и Стратешкиот дијалог

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс, на која во фокусот биле билатералните односи и натамошното продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Како што информира Муцунски во објава на социјалните мрежи, на средбата била разгледана динамиката на реализација на активностите предвидени во рамките на Стратешкиот дијалог.

Посебен акцент бил ставен на економската соработка, трговијата и можностите за покренување нови конкретни иницијативи со цел унапредување на партнерските односи.

На разговорите станало збор и за позитивните оценки за надворешната политика на Македонија во последниот Извештај на Европската комисија.

Муцунски нагласил дека надворешната политика на државата е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, посочувајќи дека стратешките надворешнополитички приоритети се темелат на партнерството со САД и сојузништвото во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…