Денеска ќе биде 32 степени, попладне се очекува дожд
Времето ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе се задржи топло со максимални температури малку над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, со грмежи и засилен ветер и со услови за појава на град, понекаде и во форма на невреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…