Уште ова му недостасуваше на светот: По мајмунските сипаници, во Грција се појави Втор случај на тешката заразна болест во минатото
Во болницата во градот Патра, хоспитализирана е 65-годишна жена со лепра, објави грчката државна телевизија ЕРТ, а според медиумите, ова воедно е и втор случај на лепра во државата, информира МИА.
Според ЕРТ, жената која е по потекло од Албанија е изолирана во Клиниката за дерматологија, а во болницата се преземени сите неопходни мерки за спречување на ширењето на болеста.
Пред неколку дена, грчките медиуми објавија дека случај на лепра бил регистриран во атинска болница.
Професорот по микробиологија во конкретната болница Спирос Пурнарас, за грчките медиуми го потврди случајот и рече дека повремено постојат случаи, имало и во 2020 година и не е потребна загриженост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…