Се јавија осуммината што гласаа за промена на името: Сите имаме удел во автокефалноста на МПЦ

t

Поранешната независна група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Преспанскиот договор, ја честиташе веста дека МПЦ-ОА добива автокефалност.

„Овој сон конечно станува реалност и денешниот голем празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“, велат од Независната пратеничка група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г.…

Хуманизмот е помагање на другиот и на…

САД и Иран постигнаа договор – цените…

Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…

Се бројат часови до потпишување на првичниот…

САД и Иран се согласија за рамка…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…

МВР информира дека вчера попладне во 17:25…