Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен булевар
Eкипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, деновиве почнаа со градежни активности за реконструкција на пешачката патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен Булевар на потегот од градилиштето на компанијата Лимак до стара Рампа, со вкупна површина од 1480 квадратни метри.
Постоечката пешачка патека на овој потег во должина од 370 метри, широка е 4 метри, а на одредени делници со променлива широчина и во рамките на реконструкцијата на половина од овој потег ќе биде изведена нова велосипедска патека.
Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, а со реконструкцијата на пешачката патека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците во овој дел од градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…