Објавено на:

Ковид амнестија: Во Русија нема да се наплаќаат казни за прекршување на Ковид мерките

t

Московските власти ќе престанат да бараат исплата на неплатени казни за прекршување на ограничувањата за кoронавируcот, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Паричните казни за прекршување на сите кoвид ограничувања, освен за непочитување на режимот на изолација дома за време на периодот на инфекција со кoронавируc, наметнати од извршната власт во Москва и нејзините подредени институции, подлежат на компензација“, се вели во соопштението на градоначалникот.

Според Собјанин, амнестијата ќе стапи на сила на 1 јуни.

Обемот на владината програма се проценува на 13,6 милијарди рубљи (приближно 230 милиони евра), што во услови на притисок од санкции ќе биде значајна поддршка за компаниите и Московјаните.
Од почетокот на пaндемијата, во руската престолнина се откриени 2.768.577 случаи на кoвид 19, оздравени се 2.577.664 луѓе, а починале 43.641. Вчера во Москва беа откриени 229 нови случаи на кoронавируc.

Да потсетиме, многу западни земји воведоа нови санкции кон Москва откако Русија започна специјална операција во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…