Хорор на автопатот Тетово-Гостивар: Голф излетал од патот, пожарникари го ваделе возачот од возилото
Денеска, околу 19 часот, на автопатот Тетово-Гостивар тешко е повреден жител на Жетовјане, откако излетал со возилото од коловозната лента. Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб.
– Патничко моторно возило „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За да се извлече повредениот од возилото, биле повикани пожарникари од Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…