Во Германија летово ќе се патува слободно, без ковид-барања
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека владата планира да ги укине епидемиолошките правила во текот на летото, според кои на патниците за влез во Германија им треба потврда за вакцинација против Ковид-19, негативен резултат од тестот или доказ за прележан ковид.
Лаутербах изјави за медиумската група „Функе“ дека правилата што важат за сите луѓе постари од 12 години, без разлика од каде доаѓаат во Германија, ќе бидат суспендирани од 1 јуни до крајот на август, пренесува АП.
Од почетокот на март Германија повеќе нема список на „зони со висок ризик“.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија постојано се намалува, а повеќето рестриктивни мерки се укинати.
Сепак, владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 830 милиони евра за набавка на вакцини кои ќе помогнат да се сузбијат можните варијанти на коронавирусот наесен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…