Собранието е повторно отворено за посети, еве како може да се пријавите
Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство.
Почнувајќи од 27 мај 2022 година, и понатаму секој петок во неделата, заинтересираните ќе имаат можност да ја разгледаат зградата на Собранието и да слушнат повеќе за улогата и функциите на законодавната власт.
Дополнително, заинтересираните граѓани ќе може да се пријавуваат и во другите денови на неделата, од вторник до четврток на терминот од 9 до 10 часот.
Посетите се спроведуваат од страна на обучени водичи и се бесплатни за сите посетители. Времетраењето на организираната обиколка е еден час, а термините за посета се секој час од 9:00 до 15:00 часот.
Заинтересираните граѓани за посета на Собранието, можат да се пријават најдоцна пет работни дена пред посетата, преку софтверот за пријавување на следниот линк https://poseti.sobranie.mk/.
За сите прашања и дополнителни информации може да се обратите до Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт, на телефонскиот број 02/3182 227 или преку електронска пошта: [email protected].
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…
Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…
Предлозите на Владата за нов министер за…
Се плашат од протести: Пратениците здружено и…
Во Собранието е предложен закон со кој…