Се жалат Албанците од крушевско Норово: 140 ученици учат во бедна состојба
Дотраена, на неколку места подзакрпена, без соодветни услови за учење, со тоалети вон училишниот објект и во бедна состојба…
Вака изгледа училиште во крушевското село Нерово, во кое учат 140 ученици Албанци поделени во три одделенија во две смени. Малите реновирања се направени благодарение на селаните кои собрале донации за колку-толку да ја подобрат состојбата на објектот.
Наставничката канцеларија е импровизирана во ходникот.
-Имаме потреба од училници бидејќи има повеќе ученици. Исто така имаме потреба од удобна канцеларија, независно од тоа што сме рурално место, треба да се подобрат условите, бидејќи не сме во првите векови од нашата ера. 21 век е, а уште чекаме од донаторите, од луѓето љубители на образованието да ни помогнат. Треба да се подобрат условите. Баравме, не дека не баравме, но сѐ е оставено во заборав и немање слух.-вели Алемша Жута-Имери.
Училниците се стари и не ги исполнуваат условите за следење настава. Учениците немаат ниту компјутери, ниту таблети, а учат од книги и тетратки.
-Да имаме ново училиште, да имаме компјутери, таблети. Како што гледате клупите се уништени, не се нови. Немаме ниту спортска сала. Имаме стадион, но и тој не е уреден како што треба“, вели еден ученик.
Раководителот на училиштето, Аднан Имери, кој пред неколку дена излезе во пензија, вели дека бројот на учениците е доволен за училиштето да биде засебно, а не да функционира во рамките на училиштето „Никола Карев“. Но, има потреба од услови и дополнителни простории за да може да функционира нормално, објаснува тој.
-Ова училиште ги исполнува условите да биде засебно училиште и има доволно ученици. 10-годишниот план што го направивме покажува дека бројот на учениците ќе се зголемува, нема да се намалува. Имаме и ученици, и наставен кадар сите дипломирани, само ни се потребни повеќе училници-вели Аднан Имер, поранешен раководител на училиштето.
Наставникот во пензија, Ќани Рустеми вели дека училиштето е изградено во 1960 година и дека од тогаш е реновирано само со иницијатива на локалното население. Додава дека никој од надлежните органи не преземал никакви чекори за проширување на објектот.
-Запоставени сме, општината не ни помага, Министерството не се интересираше за образованието во селата, се грижеа само за во градовите. Ние бевме запоставени, немаме ниту средства, само црна табла, неколку креди и ништо повеќе-рече Рустеми.
Овие 140 ученици немаат на располагање спортска сала, а ниту терен за изведување на физичките активности. ТВ21 контактираше со заменикот-министер за образование, Љуљзим Алиу, кој рече дека се запознаени со состојбата на училиштето и дека ќе го вметнат како проект со приоритет.
Извор: ТВ 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници
Со традиции и благослови, крушевчани вечерва официјално…
АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…
На огласот за избор на претседатели на…
Ќе се прегласува во Охрид и во…
Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето…
Регистрирани првите случаи на голема кашлица во…
Нови 22 случаи на голема кашлица се…
(Видео) Ибраимоски и Глигорова од Крушево: Конкретни…
Носителот на пратеничката листа во ИЕ 5…