Објавено на:

(Фото) Недостигаат годноли за Струмица да биде како Венеција – од невремето се поплавени неколку места во градот

t

Невреме го зафати Струмичко денеска во попадневните часови. Поплавени се повеќе улици градот околу улицата „Младинска“, повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја. Од села под Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот.

Од ТППЕ Струмица информираат дека досега имале осум интервенции и сите се за испумпување на вода од подруми, интервенираат и екипи на „Комуналец“ на улици во градот.

Граѓаните реагираат и на социјалните мрежи каде велат дека СДСМ не направиле ништо иако се “вечна власт ” во Струмица, никој не се труди да ги реши најосновните барања и проблеми.

Струмичани реагираат дека во петте мандати на СДСМ како локална власт се работи неплански, не се одржуваат канализационте системи туку се градат само станбени и деловни објекти.

Суштината, како што велат локалните жители не е дека сега ќе излезат на терен туку зошто никој не направил ништо досега за да се спречат настанатите поплави и штети кај граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…

Почна рушењето на нелегалните објекти во Струмица…

Реков дека ќе има ред во Струмица…