Хрват, Швајцарец и двајца Германци се исчезнати – Биле во авионот кој мистериозно го снема
Пилотот на спортскиот авион „Цесна“, кој денеска исчезна од радарот по полетувањето од Сплит кон Германија, е швајцарски државјанин, додека двајца патници се германски државјани, а едно лице е хрватски државјанин, покажуваат податоците на полицијата.
Шефот на полициската управа во Карловац, Дарко Братиќ, изјави дека оваа информација полицијата ја добила во најавата за летот од регионалната контрола на летот во Сплит.
Началникот на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГС С), Јосип Граниќ изјави дека се уште нема нови информации, но оцени дека е позитивно што поголем број луѓе се вклучиле во потрагата и дека е извршен увид на поголема површина.
Тој додаде дека е мобилизиран целиот ХГС С и нагласи дека потрагата нема да биде прекината „се додека не се најде нешто“.
Авионот се смета за исчезнат, нагласи Граниќ и додаде дека не може да се прејудицира дали се урнал.
– Се е можно, но авионот исчезна и ние така го водиме. Се надеваме на најдоброто, подготвени сме за најлошото, истакна тој за ХРТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Страшни пожари ширум Хрватска!
Вчера и денеска во Хрватска, од Омиш…
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…
77-годишен маж чиј идентитет не се открива…