МВР ги демантира порталите и твитерџиите: Настанот со активистите на СДСМ во Прилеп е расчистен

t

Министерството за внатрешни работи категорично и целосно ги демантира дезинформациите објавени и споделени од страна на порталите Експрес, Курир, Нетпрес, Република…со сензационалистички наслови: „Предупредување, сцени на насилство, партиски активист со банда претепува човек – Спасовски молчи”, „Крвнички претепан прилепчанец среде бел ден: Напаѓачите активисти на СДСМ кои купувале гласови – од МВР не реагираат!”, „Сред бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп”, „Среде бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп” и сл., повикувајќи се на споделено видео објавено на Twiter од страна на профилот @gledacot2, како целосно неточни, стои во демантот на МВР.

-Прво, видеото објавено со вчерашен датум, 30.05.2022, потекнува од кривично – правен настан „Насилство” извршен на 17.04.2022 во Прилеп. Делото е извршено врз две лица од Прилеп, а не врз едно како што е наведено во текстот, едниот на 49-годишна, другиот на 52-годишна возраст, додека биле на работно место во ЈЗУ Општа болница Прилеп, кои биле физички нападнати од Д.А.(36), П.А.(32), Е.Д.(29) и З.Ј.(38).

Второ, овој кривично-правен настан е целосно расчистен, а на четирите лица кои го извршиле, по што се лишени од слобода, од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор и од страна на СВР Битола – ОВР Прилеп по итна постапка им е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело.
Трето, како што може да се види од податоците, ниту еден од кривично-пријавените лица не е лицето кое се споменува во објавата на Твитер, која е составен дел на текстот, што е уште една во низата манипулации објавени во интегралниот текст на порталот.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел само да наштетат, не само на институцијата, туку да нанесат штета на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани.

А со изнесувањето на овие лажни вести, споменатите портали ја дезинформираат јавноста и ги доведуваат во заблуда граѓаните на Република Македонија. Затоа, Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистиниот текст да биде повлечен. Во спротивно, ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…

Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…

МВР по барање на Австрија го проверува…

Македонската полиција информира дека постапува по барање…

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Можно е враќање на средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…