Објавено на:

Во изработка е нов проект со кој ќе се реконструира оштетениот потпорен ѕид 

t

Во денешното гостување на утринската емисија „Добро утро, Македонијо“ на МРТ 1 директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов изјави дека се работи на изготвување на нов проект со кој ќе се реконструира оштетениот потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски во населбата Пинтија.

Веднаш после пријавите од нашите сограѓани излеговме на терен и заедно со екипите на јавните претпријатија на градот Скопје со цел заеднички да превенираме за да спречиме уште поголема катастрофа. Првично интервениравме со расчистување на градежниот и земјан материјал кој ја беше зафатил пешачката патека и дел од булеварот со цел да се олесни движењето на возилата, а потоа пристапивме кон санација на потпорниот ѕид“, истакна Настов.

Директорот Борис Настов истакна дека покрај справување со компликациите и расчистување на теренот, паралелно се работи на квалитетен проект за санација и реконструкција на потпорниот ѕид, поради функционална и безбедносна причина со кој би се олеснило движењето на граѓаните и возилата кои транзитираат на овој потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…